Press "Enter" to skip to content

Во Битола 32 литри на метар квадратен, обилни врнежи насекаде

УХМР денеска информира дека  во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Маврово, Лззарополе, Битола, Крушево и Охрид. 

Во Битола и наврнале 32 литри дожд на метар квадратен, во Маврово наврнале 47 литри на метар квадратен, во Лазарополе – 45, Претор – 32, 30 во Пожаране,28 во Крушево,23 во Охрид и 19 во Дебар.

Врнежите од дожд ќе продолжат и денес, на места врнежите ќе бидат пообилни, а локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град, а се очекуваат 50-70 л/м2 за целиот период.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 12 до 19 степени.

Се најавуваат врнежи се до петок, од кога не чека разведрување, а за викендот времето ќе биде сончево и потопло.