Во организација на Општинскиот фудбалски сојуз Битола се одиграа редовните кола во општинските лиги. По одиграни 26 коло од општинската “А“ лига, лидер на табелата е екипата на Стрела, која и во ова коло славеше победа, минимална со 1:0 над Црна Река.
Во “Б“ лигата лидер е екипата на Јенимаале по 15 кола, а во ова коло како домаќини на стадиот на Младост од Горно Оризари славеа победа над екипата на Пелистер од Трново и Магарево.
Според зборовите на Златко Ралевски од ОФС Битола, полека се завршува оваа фудбалска сезона и претстои коло во кое некои работи околу пласманот на двете табели ќе бидат појасни.
Резултати во општинска “А“ лига, 26 коло:
Новаци – Лисолај 1:1
Кск – Карамани 1:2
Црна Река – Стрела 0:1
Светлост – Буково 3:2
Космос – Поешево 0:0
Олдбојс – Победа 1:3
Доск – Чагор 4:1
Партизан – Пелагонија Л 3:1
Резултата во општинска “Б“ лига, 13 коло
Јенимаале – Пелистер ТМ 2:0
Пелагонија Бк – Пелагонија Т 1:4
Напредок – Младост ГО 1:0
Еленик – Младост Д 1:0
Пелагонија Д – Хајдук 3:3






