Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: тешко повреден 15 годишен битолчанец, моторциклист

На 17.05.2019 година во 16.25 часот на крстосница од улиците“Илија Николовски Луј“ и ул. “Глигор Прличев“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “рено меган “ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (60) од Битола и мотоцикл “роад бајк БД 125-5“ без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник на мотоциклот.

Двајцата биле пренесени во Клиничката болница во Битола каде има била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.