Пелистер – Гоблен 4:0 (3:0)
Фудбалерите на Пелистер го одигра последниот натпревар во оваа сезона во Втората фудбалска лига- запад и се опростија со битолската публика која беше во значителен број на градскиот стадион под Тумбекафе.
Во последниот натпревар “пелистерци“ ја забележаа и најубедливата победа во ова коло во лигата, а натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога имаа водство од 3:0. Головите во првиот дел ги постигнаа Благојче Главевски на два пати и Александар Недановски.
И второто полувреме помина во доминација на екипата на Пелистер, но изменетиот состав на екипата од првото полувреме не ја достигна ефикасноста со која почнаа во проддолжението. Единствениот гол, а имаа прилики и за повеќе го постигна Благоја Наумоски.
Битолскиот тим не успеа да се врати во прволигашкото друштво, а го чека уште еден натпревар во последното коло против екипата на Генч Калембер.
Пелистер на едно коло пред крајот се наоѓа на третото место со 38 бода.
[ngg src=”galleries” ids=”332″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






