Младиот битолчанец, Филип Темелковски е победник на велосипедската трка во друмски велосипедизам која се организира во Велес, од страна на велосипедскиот клуб МВК Велес.
Темелковски беше најбрз во својата категорија У-13, а според пропозициите возеше еден круг во должина од 32 километри, а трката беше во рамките на Купот на Македонија.
Во оваа трка петеката беше: Стоби, споменик Никола Петров, Неготино (надвозник пред спуст), споменик Никола Петров, Стоби, раскрсница Градско (раскрсница Градско, Прилеп, Неготино, поранешен мотел Интернационал, стар афтопат), Стоби.
Овој викенд се вози државно првенство во училишен спорт во Прилеп, организатор е ВК Илинден, а ќе возат основци и средношколци.






