Press "Enter" to skip to content

Познат расплетот во Супер лигата: Еурофар Работник во “СЕХА“ лигата, Вардар шампион

Вардар – Еурофарм Работник 36:29 (19:14)

Попладнево во СЦ „Јане Сандански“ Вардар ја победи екипата на Еурофарм Работник во рамките од осмото коло на плеј-офот, со што јасна рзсрешницата од годинешната Супер ракометна лига. Вардар е шампион по 13. пат,  а Еурофарм Работник обезбеди учество во Супер лигата.

Дуелот започна израмнето до 3:3, а потоа со два контра напади на Дибиров, а потоа вардарци се одлепија на  7:3.  Следеа голови на Кузмановски, крилата и пивотменот за 9:8 во 18. минута, со новите голов на Вардар на одмор се отиде со 19:-14. 

Почетокот на вториот дел го реши победникот, бидејќи во во 35. минута беше + 8 за Вардар и победникот беше извесен. Скопскиот тим го приведе натпреварот кон крај со победа од 36:29.

 

Во таборот на Еурофарм Работник, Филип Кузмановски, најефикасен, постигна осум гола.