Јени Маале – Еленик 6:0
Последното коло и дитектниот дуел меѓу екипите на Јени Маале и Еленик од Мусинци одлучија која екипа ќе биде првак во лигата и ќе обезбеди пласман еден ранг погоре, од “Б“ во “А“ општинската лига.
Победник и првак е екипата на Јени Маале која по високата победа над Еленик од 6:0, само ја потврди титулата и не дозволи да им одземе првото место, на кое беа во текот на целата сезона, а покажаа голема мотивираност да се дојде до целта.
За победата во последното коло на стадионот во Горно Оризари, каде Јени Маале играше како домаќин цела сезона, фудалерите рекоа дека не сакаат да се пишуваат нити кој се стрелците, ниту кој играше бидејки ова успех на сите кои се во клубот.
Пехарот во рацете на капитенот за освоено прво место во “Б“ лигата, на капитенот на Јени Маале, Никола Пискачев, му го предаде претставник на ОФС Битола, организатот на лигата.
Пискачев по пласманот во “А“ лигата кратко рече:
-Помина сезоната како од прво така до последно коло бевме на првото место и заслужено го добивме овај трофеј. Нашиот јубилеј, 10 години од формирањето, достојно го прославивме со освојување на првото место. Следната година сме во “А“ лигата каде ќе имаме повеќе натпревари исто така се надеваме на добри резултати и додаде:
-Нека нашиот пример за љубов према спортот и фудбалот биде поттик за сите млади да уживаат во убавината на спортот. Во следниот период ќе биде презентиран и документарниот филм “Којоти на полна месечина“, (Форза Јени Маале повеќе од клуб), за нашата 10 годишнина.
Писчачев има право да се радува најповеќе од сите во клубот бидејќи капитенот, за овие 10 години, со последниот против Еленик има одиграно вклупно 300 натпревари и има постигнато 150 гола.
Прославата по добивањето на голелиот пехат “јенимаалци“ ја продолжина на нивниот тренинг стадион “Кај Кајнако“ во населдбата “Јени маале“.
С.Р.






