Репрезентативното крило македонскат репрезентација, Бојан Маџовски, како и беше најевно следната сезона одново ќе игра во Битола, но овој пат во дресот на Еурофарм Работник.
На договорот со Еурофарм Работник, Бојан Маџовски, го стави потписот, со кој верноста кон новиот клуб на “фармацевтите“ ја завери на три години.
Маџовски во сезоната 2017/2018 играше веќе во Битола, но тогаш беше дел од тимот на Пелистер.
Вчера Никола Митревски потпиша за Еурофарм Работник, а тоа е две засилувања за само два дена по завршувањето на Супер лигата.






