Ракометниот клуб Еурофарм Работник ја доби организацијата на завршниот турнир на шампионатот на Македонија за кадети.
Битолскиот клуб в недела во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе ги организира полуфиналните и финалниот натпревар.
Во полуфиналните натпревари се среќаваат:
10,30 часот: Еурофарм Работник – Прилеп
12,30 часот: Вардар – КЛ7 Струга
Победниците од полуфиналните натпревари ќе се сретнат во финалето и натпреварот за титула шампион на Македонија в недела во 19,30 часот, а натпреварот за трето место ќе се одигра во 17,30 часот.






