Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот Ристо Димитров – Чурино по повеќе од две години на профи-меч во Хрватска (фото)

Битолчанецот Ристо Димитров Чурино по пауза поголема од две години в сабота во Нашице, Хрватска, ќе се бори во профи меч, на ММА вечер на која ќе настапат звучни имиња од Балканската ММА сцена.За своето враќање во ММА борните Чурино вели:

-Поради големиот број на обврски кои ги имам во Оман, каде живеам и работам се оддалечив малку од борбите, но по пауза од повеќе од две години се враќам на рингот. Првиот меч ќе го имам в сабота на 8 јуни, против Михајло Рајиќ од Србија, а морам да напоменам дека на рингот ќе има и други квалитетни ММА борци како Шумиќ, Кокора и други.За очекувањата од мечот и како е подготвен Чурино вели:

-Иако за противник имаа млад ММА борец, тој има големо искуство во професионалниот бокс, кик-боксот и ММА и нема да биде ни малку лесно. Затоа зариозно се подготвувам, засилено подолго од месец, а подготовките ги правам во UFC GYM Oman, каде имам одлични услови, а тука се подготвуваат борци од цел свет. Со мојот тим направивме анализа на мојот противник, има добар “stand up“, долг досег на рацете и нозете, но јас влегувам да победам. На два дена пред мечот сум подготвен во секој сегмент, планот за борбата е разработен, јас сум во одлична физичка и писхичка кондиција, и по две години “гладен“ за борба и победа и сакам да се вратам на голема врата.Ристо Димитров, утре директно од Оман ќе пристигне во Хрватска, а само да додадеме дека борбата на Чурино и Рајиќ е главна борба, а упати и посебен поздрав до неговите верни поддржувачи од Битола, кои како рече се секогаш со него.

С.Ристевски