На повеќенаменското игралиште во Новаци започна меморијалниот турнир во мал фудбал “Пеце Матически“, кој 6-та година се одржува во чест и сеќавање на загинатиот бранител и херој Пеце Матичевски кој е по потекло од Новаци.
Градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски, го отвори Меморијалниот турнир во мал фудбал “Пеце Матичевски“ кој во наредните 20-тина дена ќе се одржува на теренот во Новаци.
-Големо е делото на овој наш херој кој го даде животот за татковината, но уште е поголема нашата чест достоинствено да го зачуваме од незаборав неговиот лик. Веќе овој турнир станува традиционален и како локална самоуправа даваме силна поддршка не само за овој спортски настан, а на сите учесници им посакувам среќа и фер игра во која најдобрата екипа ќе победи, рече на отворањето градоначалникот Кузманоски.
Оваа година на турнирот учествуваат 32 екипи поделени во 8 групи, кои платија отизацијата за учество по 4.000 денари, а парите кои ќе се користат за организација и за наградите кои ќе се доделат на победничките екипи.






