Press "Enter" to skip to content

Битолчани со стотина пехари и медали на натпреварите во танци во Скопје (фотогалерија)

ТСК СТЕП АП од Битола на последните натпревари се претстави со 47 натпреварувачи, а во сите кагегории освои 109 пехари и медали за прво, второ и трето место.Викендов во “VIP Арена С.Ц. Борис Трајковски“ во Скопје во организација на танцовиот спортски клуб “Прима Данца“ од Скопје и македонската танцова спортска федерација  се одржаа пет натпревари за танци, национални шампионати во стандарни танци, во латиноамерикански танци и во модерни танци.Исто така се одржа и Куп во стандардни танци за категориите постари младинци и возрасни и Куп во латиноамерикански танци за категориите постари младинци и возрасни.На првенството учество зедоа 21 клуб, од кои 6 постојани и 4 привремени членки на ТСФМ, со околу 1.000 натпреварувачи во различни категории и старосни групи.Натпреварувачите беа оценувани од 11 судии со меѓународни и национални лиценци координирани од главниот судија Верица Василеска. Во судискиот панел учество зедоа нашите лиценцирани тренери и судии Јагода Димовска и Тони Лозановски.ТСК СТЕП АП од Битола учествуваше со 47 натпреварувачи, 7 танцови спортски двојки, 6 формации девојки и 23 соло девојки. Од натпреварот кој траеше 16 часа се вративме со 11 пехари за освоени први места, 72 златни, 14 сребрени и 12 бронзени медали.Во нашите редови ги имаме државните прваци и прваците во купот латино – возрасни, државни прваци во стандардни танци во категорија постари младинци, државни прваци во латиноамерикански и стандардни танци – пионери, државни прваци во латино групи и формации во 4 различни возрасни категории, државен првак во латино соло – младинци.-Задоволни сме од напредокот на нашите натпреварувачи за што сведочат и пласманите во финалињата и освоените награди. Им честитаме  за постигнатиот успех на сите учесници на шампионатите, на нашата конкуренција и секако на  нашите членови. Летниот период ќе го искористиме за континуирани подготовки за натпреварите кои не очекуваат во втората половина од танцовата сезона 2019, ни рекоа од ТСК СТЕП АП.