Младите генерации на Пелистер родени 2007 и 2010 учествуваат на тридневен силен турнир ,,Stars of tomorrow” во Солун со нивните врсници од екипите на Паок, Арис, Волос, Омонија Кипар и други силни грчки екипи.
После напорно пет часовно патување и на пеколна температура од плус 40°С генерацијата 2007 во првиот натпревар против силната екипа на Арис одигра 0:0, притоа комплетно надигрувајќи го својот противник, погодувајќи две стативи и промашувајќи неколку сртопроцентни шанси за гол.
Турнирот се игра на помошните терени на Паок, во близина на Солунскиот аеродром.






