Синоќа во Сараево, во престижниот хотел “Хилс“, се одржа турнирот на тешкачите во организација на на една од најстарите кик-бокс организации “КОК“ за организирање на вакви турнири “Кing of kings“. На овој турнир настапија четворица тешкаши, а победник е битолчанецот Александар Димовски-Димса.
Димовски во првата борба го победи Саша Јовановиќ, а во финалето Санид Имамовиќ.

-Синоќа се борев во категоријата над 93 килограми, а ова за мене беше прво учество на ваков турнир, во кој има две борби и бара многу силни подготовки. Во првата борба го победив словенецот, Саша Јовановиѓ, во третата рунда со прекин, а претходно противникот беше во четири нокдауни. Во финалето повторно со прекин дојдов до победа, а за неполни 3 минути, во прва рунда повторно со прекин го победив домашниот борец, Санид Имамовиќ, ни рече денес, Димсата по вибер комункација од Сараево, кој додава:

-Морам да споменам дека тука во Сараево сум заедно со мајсторот, битолчанецот Златко Неделковски, кој безрезервно се вложи и даде, и тој како сите во тимот, се од себе максимално да ме подготви за овој тежок турнир. Кога сум кај подготовките морам да ги споменам и останатите од тимот со кој се подготвував, а тоа се Никола Бубевски, Дејан Дамевски, Горан Димовски и Александар Стојановски, но тука е и Милан Кубин со кој заедно се подготвувавме.

За наредните планови и што по победата, Александар Димовски-Димса, ни рече:
-Сакам да се заблагодарам на сите за поддршката и на спонзорите кои помогнаа бидејќи без таа помош сето ова ќе беше невозможно. Со победата на овој гранд турнир, сега малку ќе се одморам и ќе го чекам победникот од наредното вакви натпреварување. Со тој кој ќе победи ќе се борам за “КОК“ свестски појас во кик-бокс, каде ќе патувам да за бидам првак.

Овок кик-бокс меч го пренесуваа во живо 122 телевизиски канали.






