Press "Enter" to skip to content

Фото вест: кошаркарите на Младост одиграа пријателски натпревар против Волос

Младите кошаркари на Младоср вчера во спортската сала “Боро Чурлевски“ го одиграа првиот пријателски кошаркарски натпревар против свпите врсници од екипата на КК Волос, од истоимениот град во Грција.

-Ова е почеток на една нова соработка со клуб од Грција, втор по ред за брзо време бидејќи пред скоро еден месец одигравме пријателски натпревар со КК Лариса. Се надевам дена воспоставената соработка со двата грчки клуба ќе се развива и она што е начелно договорено ќе се исполни. Покрај пријателските натпревари, ќе има учество на турнири, а секако и размената на кошаркари би сакале да се оствари, вели Горјан Стојановски, од КК Младост.