Во Битола на помошното фудбалско игралиште се одржа еднодневниот спортски настан “Фестивал на Фудбалот“, а организатор беше фудбалскиот клуб Топ гол од Битола во соработка со советот на родители.
На оваа забавно-спортска манифестација учествуваа 150 младите фудбалери заедно со своите родители и пријатели.
-Ова е втора година по ред како го организраме овој Фестивал, како цел на овој настан ни беше преку забавни и рекреативни игри да ја промовираме фудбалската игра, спортскиот дух и кај младите спортист но и кај нивните родители. Вметнавме и натпреварувачки елементи од забавен карактер кои позитивно го зголемија ривалството помеѓу учесниците. Покрај спортските активности како што беа: играње фудбал, годење на конуси, вежби за сила и координација, влечење со јаже, скокање во вреќа имавме и едукативен дел во кој медицински персонал од Центарот за јавно здравеј и Клинички Центар ги едуцираа учесниците за превенција од повреди и правилна исхрана.Ова е сериозен проект и во иднина ќе го развиваме на повеќе теми и локации, ни изјави Кире Грбевски тренер во Топ гол.
-Едно прекрасно спортско поладне во кое покрај другарувањето учествував во сите спортски дисциплини. Ние како родители сериозно се подготвувавме за овој настан и морам да нагласам дека со никаков буџет но со голем мотив и елен, со одлична соработка и организација направивме активност со 150 учесници. За нашите деца се работи и ќе направиме се тие да се среќни и радосни. Голема благодарност до сите учесници на овој настан, изјави Николина Чокузовски родителка кој е член на советот.
Покрај битолските учесници на овој фестивал зедоа учество и нашинци од Австралија кои се заложја дека во иднина ќе го подржат овој настан.
[ngg src=”galleries” ids=”364″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






