Во намерата КК Пелистер да не стравува повеќе за опстанок потпишан е нов едногодишен договор со тренерот Зоран Тодоровиќ и тројца кошаркари, а се бараат и 3-4 странци.
Иако кошаркарите стартуваат последни во однос на другите спортови, управата на КК Пелистер се потруди меѓу првите да почне и да го составува тимот и стручниот штаб за наредната сезона. Претседателот на Пелистер, Сашко Наумов кој се е нов член на клубот, кои ќе бидат новите засилувања, колкав ќе биде буџетот, какви се односите во КФМ ги даде своите размислувања за bitolanews.mk.
За најновите кадровски екипирања Наумов вели:
-Пред два дена потпишавме едногодишен договор со старо-новиот тренер, Зоран Тодоровиќ, кој се согласи според условите кои ги утврдивме, начинот на работа и амбициите на клубот да го води Пелистер во наредната сезона, со можност за продолжување на тој договор. Мислиме дека со ангажирањето на Тодоровиќ решивме еден проблем, а за брзо време ќе имаме состанок со него да видиме што можеме од неговите желби за ангажирање на кошаркари да реализираме. Кога сум кај кошаркарите морам да кажем дека ангажиравме тројца македонски кошаркари. Тоа е Михајло Арсовски кои и лани беше во тимот на Пелистер, Андеј Цветковски и Јетмир Зекири. Дел од кошаркарите кои го носеа дресот на Пелистер, како Мико Голубовиќ, кој изрази желба да игра и оваа сезона, и Борјан Јовановски се договорени и за оваа сезона, а деновиве ќе се разговара со останатите битолски кошаркари. Ќе имаме и три-четири младинци кои ќе ги ангажираме во тимот, а за ангажирањето на странци вели:
-Имаме важечки договор со Билер, кој морам да го пофалам за неговата игра и однесување кон клубот, но како ни јави има доста примамлива понуда од стански куб. Ние ќе му излеземе во престер доколку се договори и ќе го ослободиме под одредени услови, а доколку не се договори со клубот ќе ни биде на располаѓе. Разговараме со други четворица странски кошаркари, но не би сакал да изнесувам поединости, освен дека се разговара по предлог на тренерот.
За односите со Кошаркарската федерација и нивниот предлог до здружението на прволигашите, Наумов вели:
-Ние имаме одлични релации со новиот претседател на КФМ, Перо Антиќ и раководството, па од нивна страна ќе бидеме регионален центар за развој на кошарката. Што се однесува до нашиот предлог да има четворица странци-четворица на терен ние не остапуваме. Да појаснам ние како клуб не сме против македонските кошаркари и младите кошаркари, но ако сакаме да ја вратиме атрактовноста на кошарката, публиката и резултатите тоа мора да го направиме, по пример на ракометот,а ќе ги посочам само Вардар и Еурофарм. На последниот состанок е начелно дововорено да има четворица странци, но тројца во терен, а во завршницата плеј-оф и плеј-аут да бидат четворица во терен. Имаме и други предлози за тоа како се организираат натпреварувањата и за Втората лига, но ќе дебатираме.
За амбициите на КК Пелистер, Наумов вели:
-За разлика од минатите години кога тргнуваме на стартот на сезоната со идеја за опстанок, сега сме јасни во амбициите, да играме плеј-оф. Имаме и ќе ангажираме квалитетни кошаркари и ќе дојдеме до тоа. Кога се зборува за амбициите тесно се поврзани со буџетот. Се надевам дека ќе имаме поголем буџет од лани, а висината ќе зависи од тоа колку од ваучерот кој до добивме ќе успееме да го претвориме во пари. Тука морам да споменам дека се разговара и со неколку компании за сериозно спонзорство, а ако не успееме да имаме генерален спонзор на стартот на сезоната, ќе ги имаме во втората половина на есенскиот дел од сезоната, што за нас ќе биде голема шанса за поквалитетен клуб и поголеми амбиции.
С.Ристевски






