Победници на петтиот по ред меморијален турнир во мал фудбал “Јовче Димовски – Начко“ кој се одигра викендов на спортските терени во ОУ “Даме Груев“ е екипата на ветераните на ФК Пелистер, кои во финалето ја победија екипата на Конзули-ветерани.
Турнирот за отворен во име на организаторот го прогласи претседателот на здружението на граѓани “Јовче Димовски – Начко“, Владимир Наковски, кој по една минута молк за прерано починатиот нивни другар, Начко, рече дека и во иднината преку одржување на овој традиционален турнир ќе се сеќаваат на него, а фудбалскиот клуб кој го носи неговото име ќе учествува и на други турнири.
Инаку, на терените играа голем број на поранешни фубалери на Пелистер, Митко Стојковски, Миле Димов, Сашо Здравевски, Ванчо Мицевски, Зоран Штерјовски, Игор Момировски…., а секако треба да се спомене и тоа дека настапи и екипата на Конзули, која е една од најдобрите екипи за мал фудбал во Битола.
Победник на турнирот е екипата на Ветерани Пелистер, второпласирана Конзули – ветарани, на трето место екипата на ветарани на ОУ “Даме Груев“, а на четврто место екипата на организаторот. За најдобар играч на турнирот е прогласен голманот на Пелистер – Ветерани.
На доделувањето на пехарите на најдобрите екипи и поединец, беа доделини и две посебни признанија на Игор Шундовски еден од организаторите на сите пет турнири и на Александар Ринџов кој го помага турнирот.
По доделувањето на пехарите и признанијата во летната тераса на хотел “Епинал“ сите учесници имаа неформално дружење и заедничка вечера.
Претходно се одржа и крводарителска акција на која имаше повеќе од дваесет крводарувања.

Пелистер-ветерани победници на меморијалниот турнир во мал фудбал “Јовче Димовски – Начко“ (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)
- Утре полуфинале со МЗТ, Вилсон е оптимист, ова е плејоф, влогот е огромен, но можеме до победа
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- Пелистер во 92. минута освои бод за опстанок кај Работнички!
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот





