Press "Enter" to skip to content

Иве Трифуновски се врати во Пелистер како четврто засилување

Она што го најави сопственикот на ФК Пелистер, за првата прозивка, дека нема дилеми за амбициите и дека единствен императив годинава е Првата лига го потврди со новото засилување, Иве Трифуновски.

Трифуновски е четвртото засилување во летниот преоден рок, а се  работи за повратник во тимот по само една година, која тој ја помина во штипска Брегалница, а потпиша договор за една година.

Сега, Пелистер, со Љамчевски, Маневски, Главевски, Трифуновски, има прволигашки напад од кој се очекуваат многу голови.

Претходно му пристапија Мирко Симјановски од Вардар Неготино и Мики Јовановски од Лабуништа и Борче Маневски, а не е искучено уште некој фудбалер да му се приклучи на Пелистер.

“Пелистерци“ под водство на Дарко Крстески тренирата два пати дневно, а првата контрола е закажана на 27 јули, во Охрид против екипата на Кадино.