Периодот на пауза пред почеток на подготовки или тие да се во тек секогаш бил турбулентен за ФК Пелистер, а и за сите клубови, а така беше и во 2009 година, започна со сеќавањата Димче Миновски.
-Подготовките во 2009 година за новата сезона како шеф на стучниот штаб ги започна еден искусен тренер Алексо Мацков, а за негов помошник беше назначен, пред десет години надежен млад фудбалски тренер, Златко Цветановски, кој потоа ја отвори и успешно ја води фудбалската школа Талент, вели доајенот на битолското новинарство, Димче Миновски.
-Во таа екипа на Пелистер, во таа сезона, имаше добри фудбалери, додава Миновски и ги набројува; Кире Ристевски, Стефан Стефановски, Благојче Љамчевски, Марјан Алтипармаковски, Ганчев… кои ги имам забележано и биле дел од составите на клубот, додека сум коментирал преноси од стадионот за Македонското радио, како спорстки новинар кој ги следел случувањата во фудбалот.
Но, сепак екипата на стартот немаше добри резултати и за брзо време Мацков беше сменет од тренерското место, а тоа се случи само по неколку одиграни кола.






