Еурофарм Работник реализира ново засилување, украинскиот кружен напаѓач Олександр Шевелев.
Шевелев, кој има 31 година е стандарден украински репрезентативец, а настапувал за Портовик Јужни, руските Зориа и Реновалиа Сиудад Реал, белоруски Динамо Минск, а потоа пет сезони за Мотор Запорожје во Лигата на шампионите. Минатата сезона беше член на украинскиот Донбас, екипа со која играше во Челинџ Купот.
Шевелев потпиша едногодишен договор, а се работи за стандарден модрен кружен напаѓач на украинската репрезентација, висок 202 сантиметри и тежок 115 килограми.






