Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер стартуваше со контролните натпревари

Кадино – Пелистер 1:1 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер вчера ја започнаа серијата контролни натпревари, а како и најави тренерот Дарко Крстески, стартуваа со најслаби противници.

Пелистер одигра нерешени 1:1 против Кадино, а стрелец беше Недановски во 50 минута.

-Ова беше добро идигран прв натпревар по многу жешко време и тешки услови за играње, сепак задоволен сум од тоа како истрачаа фудбалерите, а резултатот не е битен. Не можеше да се бара нешто плус на повеќе од 40 степени. Составив две исти екипи и им дадов шанса на сите фудбалери, а поголемите предизвици следуваа наскоро, вели Дарко Крстески, тренер на Пелистер.