Нашиот сограѓанин Ристо Димитров – Чурино е докажам ММА борец и има победувано на десетина профи меча, а деновиве започна да се докажува и како тренер.
Неговиот ученик, Сауд Салех Ал Намани ја извојува својата прва победа на “10 Rounds Fight Night“ турнирот во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.
-Јас неколку години сум во Оман, каде тренирам неколку борци. Мојот ученик и јас се вративме од Дубаи со победа. Горд како тренер и пријател, ова е само почеток и очекува, уште борби и многу победи. Исто така благодарен и до мојот тим од UFC GYM Oman кој допатува за да помогне и да ја даде својата подршка, ни рече Чурино, видно задоволен од постигнатиот резултат.

Чурино се докажува и како тренер, ученикот од Оман победник во Дубаи (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пораз од МЗТ во првиот полуфинален натпревар, в недела втор натпревар во Битола (фотогалерија)
- Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)
- Утре полуфинале со МЗТ, Вилсон е оптимист, ова е плејоф, влогот е огромен, но можеме до победа
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- Пелистер во 92. минута освои бод за опстанок кај Работнички!





