Пелистер – Победа 1:0
Екипата на Пелистер, попладнево под Тумбекафе го одигра вториот контролен натпревар во оваа фаза на подготовки, а за противник ја имаше екипата на Победа од Прилеп.
“Пелистерци“ победија со голот на Благојче Наумовски од слободен удар.
-Повторно игравме по тешко и жешко време, а сум задолен од тоа што го прикажаа фудбалерите. Полека влегуваме во форма, а фудбалерите со своите квалитети се наметнуваат, вели тренерот на Пелистер, Дарко Крстески.
Во првиот натпревар екипата на Пелистер играше нерешено со екипата на Кадино 1:1.






