Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: викенд сообраќајни контроли, 70 возачи возеле побрзо од дозволеното

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.

Притоа, констатирано е дека 13 возачи управувале возило без возачка дозвола, шест возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 71 возачи.