На Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и оваа година има сегмент посветен на најмладата публика во рамките на Јуниор програмата.
На првиот ден децата имаа можност да ја проследат проекцијата на филмот „Дива вештерка“ на режисерот Каспар Мунк, а на проекцијата присуствуваа ученици од основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Стив Наумов“.
По проекцијата, во соработка со “Битолска Млекара“ и игротеката “Чудесна земја“, беше организирана детската работилница „Нацртај го својот омилен цртан јунак“, каде децата можеа да ги изразат своите креативни идеи за омилените филмски и телевизиски јунаци.

Почна детската програма на 40. ИФФК “Браќа Манаки“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Прогласени добитниците на наградите за најдобро уреден двор во Општина Новаци!
- Општина Битола: јавен повик за зимската приказна за дочек на 2027 година
- Фотографијата на Марушо и другарите е изборот на ЕХФ
- Лино Черван по победата никој не издвојува, победи тимот вели тој
- Фирмите со сметки во “Алта банка“ од денеска неограничено ќе располагаат со новите приливи





