“Пешачките премини и тротоарите се за деца, не за возила“.
Под овој слоган денес и во Битола започна одбележувањето на Европската недела на мобилност.
Како дел од денешните активности, се вршеше обележување на пешачкиот премин кај ОУ “Трифун Пановски“, а се спроведуваа и едукативни активности на повеќе локации.
Активностите продолжуваат во текот на целата недела, а утре изутрина ќе има времен режим на сообраќај кај хотелот Епинал, кога ќе биде спроведена теренска работилница на отворено, со промоција на безбедни пешачки премини.
Ќе бидат реализирани и други едукативно-креативни активности, со цел зголемување на безбедноста преку едукација и промоција.

Започна неделата на мобилност (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени





