Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: два физички напади во Битола еден во село Лажани

На 19 септември во СВР Битола, О.П. (32) од Битола пријавил дека во книжарница на улица “Блаже Рогозинарот” во Битола, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Љ.П. (57) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 19 септември во СВР Битола, Н.Д. (43) и Ф.Д. (46), двете од Битола, пријавиле дека околу 11.00 часот во Градски пазар Битола биле физички нападнати од Л.И. (45) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 19 септември во СВР Битола, А.Д.(24) од с. Лажани пријавила дека околу 07.00 часот, по вербална расправија, нејзиниот сопруг О. И. (28) се обидел да ја удри, при што изгубил рамнотежа и паднал на земја со нивното тримесечно бебе, кое го држел во раце. Притоа, бебето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.