Press "Enter" to skip to content

Прес на Жаклина Наумовска, секретар на ОО СДСМ, за доаѓањето на Мицковски во Битола

Прес конференција денес во просториите на ОО на СДСМ од Битола, одржа советникот во Општина Битола и секретар на ОО СДСМ Битола – Жаклина Наумовска, по повод доаѓањето на претседателот ма ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Жаклина Наумовска на пресот рече:

-Денес, во Битола, на разговори со Битолчани доаѓа Мицковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и протежето на пребеганиот Груевски, кои се најодговорни за ситуацијата и состојбата во која што ни ја оставија Битола, урнисана, и ограбена.

Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ниту имаше правда, ниту се грижевте за граѓаните, како што можевме и да се увериме, ниту пак имавте идеја за подобрување на животниот стандард и животниот квалитет на граѓаните! Единствената идеја која ја имавте е како да крадите и како да ги трошите парите на граѓаните за партиски и сопствени цели. Ако некој кршеше закони, тоа сте Вие! Ако некој рушеше, тоа сте Вие! Се обидувате, неуспешно, да ја срушите европската иднина на Република Северна Македонија и да застанете на патот на вистинскиот напредок на својата татковина! Тоа го докажуваат сите ваши постапки во изминатиот период.

Ветувате обнова на разрушеното, обнова на принципи, на идеја, идеологија и верување! За какви принципи ќе зборувате, Мицковски? Зарем не се срамите? За следење на насоките од Будимпешта од Вашиот ментор? Тој е доказ, г-дине Мицковски, дека Вие и вашата партија, ДПМНЕ, и тоа како бегате од проблемите и разврските и немате кредибилитет да разговарате за обнова, излегување од очај, за сивило, неработење, неспособност. Лицемерно е ДПМНЕ и Мицковски да разговараат за обнова на Битола, бидејќи за тоа имаа на располагање 12 години.