Press "Enter" to skip to content

Фото вест: сообраќајка на Црн мост, се судрија “лада“ и мопед

Нешто по 19 часот се случи сообраќајна несреќа кај Црн Мост, на местото каде се завртува десно на угорнината која води кон улицата “Охридска“.

Во сообраќајната несреќа учествуваа патничко моторно возило “лада“ и мопед.Според граѓаните кои беа таму по несреќата, повреден бил возачот на мопедот, а сообраќајната полиција со две возила е на самото место, го регулира сообраќајот и се чека екипата за увид.

Во летниот период на територијата на Битола се случија неколку сообраќајни несреќи во кои кои настрадаа возачите на мопеди.