На 30 септември во СВР Битола, 73 – годишна жена од Битола пријавила дека на 29.09.2019 околу 23.30 часот во семејниот дом на ул. “,Љубојно“ во Битола, била физички нападната од нејзиниот син К.Ц.. Се работи на расчистување на случајот.
На 29 септември во Полициската станица Битола, К.К. (22) од Битола пријавил дека околу 05.15 часот во угостителски објект бил физички нападнат од Ф.К. (20), В.Т. (22), двајцата од Битола и уште две други лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека 20 возачи управувале возило без возачка дозвола, 25 возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 70 возачи, 20 возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило. За сите неправилности издадени се соодветни санкции.





