На факултетите при универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола денеска свечено ќе биде одбележан почетокот на новата академска 2019/2020 година.
Прв академски час за новата генерација студенти на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола ќе се одржи на тамошниот Факултет за информатички и комуникациски технологии, во 11 часот, каде се очекува да се обрати ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски, и заменик министерот на образование е наука, Елизабета Наумовска.
Академскиот прв час ќе биде одржан и на Педагошкиот факултет со почеток во 10 часот, каде студентите ќе ги поздрави и ќе им посака успешна академска година, новиот дека, проф. д-р Добри Петровски.





