Press "Enter" to skip to content

Педагошкиот факултет организираше прв час за 41-тата генерација бруцоши (фотогалерија)

Нови 120 бруцоши, денеска, го одржаа првиот студентски час на Педагошкиот факултет во Битола, како 41-ва генерација студенти на овој факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски“.Во амфитеатарот на Педагошкиот факултет денес на свечен начин новите студенти ја започнаа акдемската година, а ним им посакаа успешен почеток и и успешни студии, заменик министерот за образование Елизабета Наумовска, ректорот проф. д-р Сашо Коруновски и деканот проф. д-р Добри Петровски, а во името на градот Битола, заменик градоначалникот Емилија Костурски.Во своето излагање пред бруцошите, ректорот и академскиот кадар од Педагошкиот факултет, заменик министерот за образование Елизабета Наумовска рече дека денес кога започнува новата академска 2019/20 година сакам да им посакам успех на сите студенти кои одлучија академски да се образуваат, а и на сите студенти кои се веќе запишани во Педагошкиот факултет, како и на академскиот кадар.-Студентите кои одбрале да студираат на студиските програми за наставници одбрале да се занимаат со најблагородната професија меѓу илјадниците замимања. Тие одлулиле да се занимаваат со едукација на младите и создавање на иднината на една земја. Вие треба да бидете идни учители на младите кои ќе наследуваат и преземаат општествените улоги од повозрасните. Тоа значи дека Вашата идна професија не само што е благородна туку и многу одговорна, затоа треба максимално да се посветите на образовниот процес. Бидете внимателни на предавањата, почитувајте ги професорите и трудетесе да ги надминете ваши очекувања. Изборот е одличен, имате одлични професори и солидни услови за школување. Ви посакувам и многу пријателства, успешни студентски денови и убав студентски живот, рече Наумовска, која ги повика студентите да ги искористат поволностите за студирање кои ги дава Владата, како стипендијата за студенти запишани на студиските програми за наставници за основните и средните училишта, која за прв пат се доделува годинава.Ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски, кој во обраќањето кон студентите нагласи:-На овој прв студенстки час сме сите кои сме чинители на образовниот систем, а како ректор сакам да ја поздравам 41. Генерација на студенти. Денешниот ден е важан за вас, но и за нас, бидејќи започнуваат да студираат повеќе од 1.000 студенти, а тоа се повеќе од 1.000 судбини кои сега се веќе поврзани со нашиот универзитет. Тука ќе се оформите како професионални, но и како интелектуалци. Како професионалци ќе бидете експерти во областа во која што сте се определиле, а како интелектуалци нема да ја гледата само својата струка, туку ги развива и пошироките општествени појави, подгответвени за сите предизвици.Ректорот, Коруновски, ги покани студентите да учествуваат на сите конкурски, од сите програми кои ќе им помогнат да ја градат својата професионална кариера и да ги користат сите капацитети кои ги има УКЛО.Заменик градоначалникот на Битола, Емилија Костурска, им порача на бруцошите:-Вие денес го правите првиот чекор во новата раскрница од Вашиот живот, во обраниот правец и ви препорачувам бидете тие кои што ќе ги впивате знаењата на професорите, а потоа бидете несебични тоа да им го предадете на вашите ученици.Новиот декан на Педагошкиот факултет проф. д-р Добри Петревски, ги поздрави новите 120 студенти и потенцира:-Добредојдојдовте на Педагошкиот факултет и пред се сакам да искажам благодарност што го одбравте нашиот факултет каде во наредните четири години ќе се стекнете со диплома во насоката која ја одбравте, а секако со знаењата потребни да бидете идни одделенски наставници, наставници по македонски јазик, наставници по англиски јазик… и додаде:-Тука кај нас, на Педагошкиот факултет секој од вас ќе може да го комплетира своето знаење, на додопломските студии и во наставно истражувачката дејност, се со цел проширување на знаењата во педагошката дејност.Текст и фото: Сашо Ристевски