На последната Седница на Владата на Република Македонија усвоена е Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2018 година на ЈП за државни патишта, со цел да се стимулира економскиот раст и развој на земјата.
Врз основа на Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2018 година планирани се инвестиции во вкупна вредност од околу 17 милијарди денари, а објавен е и начинот на обезбедување на средства.
За патиштата од Битола кон другите градови е планирано:
Од сопствени средства предвидена е реализација на:
-рехабилитација на делница Битола – Новаци
Со заем од Светска банка ќе се реализираат следните проекти:
-регионален пат Р1305, Битола – Демир Хисар, должина 10 км
-санација на свлечишта на патот Битола – Новаци
Со заем од Европската банка за обнова и развој ќе се реализираат следниве проекти:
-реконструкција на патен правец Битола-Меџитлија
–реконструкција на патен правец Битола-Демир Хисар






