Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за регулативата за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, вчера попладне ја посети oпштина Битола, каде оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска.
На средбата, Петровска детално го запозна министерот со финансиската состојба во која се наоѓа општината, а се разговараше и за насоките во кои е предвидено понатамошно делување со цел создавање на поволна бизнис клима за понатамошен развој и напредок на домашните претпријатија, како и за мерките кои се предвидуваат со цел подобрување на инвестициската клима за отворање на нови домашни претпријатија.

Средба на градоначалничката Петровска и министерот Шапуриќ за создавање на поволна бизниз клима
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 21 степен
- ФК Конзули Ветерани од Битола со меѓународен турнир и доделување признанија одбележа 10 години постоење (фотогалерија)
- Пелистер од Битола со одлична игра до триумф во Гевгелија
- Вредна победа на Пелистер во Битола и три важни бода во борбата за опстанок (фотогалерија)
- ДПД “Архангел“ од Битола на меѓународен против пожарен настан во Хрватска (фото)





