Press "Enter" to skip to content

Вчера мирен прорест на “Магнолија“ – „Доста е партија, сите за Македонија“

Вчера на плоштадот “Магнолија“ неколку десетици битолчани се собраа на мирен протест порди тоа што биле незадоволни од актуелните политички случувања во Македонија.

Протестот се одржа под мотото  „Доста е партија, сите за Македонија“, а иницијаторите на собирот до политичките фактори испорачаа четири барања:

-не за промена на името,

-не за двојазичност на целата територија на Република Македонија,

-не за референдум за било каква промена на уставот, и

-не за договорот со Бугарија .

Иницијаторите на протестот рекоа дека не се поврзани со ниту една политичка партија, и најавија дека мирните протести за заштита на идентитетот и интегритетот на државата ќе продолжат секоја недела, на пладне на плоштадот “Магнолија“.

Преземено, ТВ “Тера“

More from ВестиMore posts in Вести »