Press "Enter" to skip to content

Регулаторна побара, советниците не изгласаа поскапување на водата во Битола

Барањето од регулаторната комисија за поскапувањето на водата не беше изгласано во Советот на Општина Битола, а тоа значи дека водата нема да поскапи. Уште пред да почне седницата на Советот, претседалот Валентин Груевски најави дека позицијата ќе гласа воздржано по однос на оваа точка.

-Ние како владејачко мнозинство нема да ја зголемиме цената на водата за граѓаните. Се работи за закон донесен од ВМРО-ДПМНЕ со кој надлежностите на цената на водата преминуваат во Регулаторна комисија за енергетика. Ова што денес го имаме е резултат на нивното владеење, односно утврдувањето на трошоците кои ги направиле во работењето и начинот на пресметка е донесен како закон од нив пред три-четири години. Ние ќе гласаме воздржано и нема да го поддржиме зголемувањето на цената на водата.

Коодинаторот на опозицијата, Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ, пред советниците нагласи дека за следните три години цената ќе поскапе за околу 30 проценти од актуелната цена на водата и дека денешната одлука да се гласа воздржано е само ефтин популизам и дека треба да објаснат на граѓаните кога тоа ќе се случи.

Регулаторната комисија од Советот бараше да се изгласа одлуката која што била донесена минатата година за поскапување на водата за физички и за правни лица.

More from ВестиMore posts in Вести »