Press "Enter" to skip to content

Прва работилница од програмата “Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“ во Црвениот крст во Битола

Во просториите на Црвен Крст на Република Македонија – Општинска Организација – Битола се одржа првата работилница од програмата “Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“ (“ЦКА-ПХВ“).

Како истакнуваат од Црвениот крст од Битола, програмата “ЦКА-ПХВ“ е национална програма која обучува млади луѓе на возраст од 14 до 18 години, да изготвуваат проекти со кои помагаат на целни групи на кои им е потребна помош.Младите се дружат меѓу себе, подобро се запознаваат, ги откриваат и зајакнуваат своите способности, таленти и квалитети. Меѓусебно се поттикнуваат и поддржуваат. Се јакне нивната самодоверба, стануваат потолерантни кон останатите, ги јакнат комуникациските вештини и работат тимски.

Младите преку оваа програма ја изразуваат својата креативност и ја користат во организирањето на активности преку кои обезбедуваат средства за остварување на нивната цел.

Покрај главната цел постојат и потцели околу одбележување на неделата и тоа: активирање на младите во летниот период, локална промоција на клубовите на млади во секој град, промоција на Национално ниво и промена на дневна рутина на младите.Во текот на секоја година, со почеток од 2012 година, идејата е истата група млади, кои ги изработувале малите проекти повторно да се анимираат, на интересен начин да се вклучат и да се поттикне да бидат креативни и на креативен начин да ја презентираат организацијата, но и самата недела.

Околу 900 младинци од Битола секоја година се анимираат, а некаде околу 6.000 луѓе ги проследуваат настаните на национално ниво, а програмата е дел од традиционалниот календар на Црвен крст на РМ.

Следната работилница од “ЦКА–ПХВ“ програмата ќе се одржи на 12 февруари во 10 часот во просториите на ЦКРМ – ОО Битола, а ќе бидат вклучени сите заинтересирани млади кои ќе се пријават за програмата.

More from ВестиMore posts in Вести »