Press "Enter" to skip to content

Душко Костовски, назначен за директор на ОУ “Св. Кирил и Методиј“

За нов директор во основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ од Битола е назначен Душко Костовски, професор по физичко образование од истоименото училиште.

Душко Костовски во битолската спорстка јавност е познат како долгогодишен просветен работник во областа на физичкото воспитување на младите, а покрај работата во образованието има дадено и голем придинес и во воннаставните спортски активности со училишните спортски екипи од ОУ “Св. Кирил и Методиј“.

Костовски има дадено и голем придонес и во развојот на спортот во Битола, посебно во кошарката и скијањето.

Костовски е еден од учителите по скијање во Битола, за што поседува и лиценца за работа, издадена од некогашната скијачка федерација на некогашната СФРЈ.

More from ВестиMore posts in Вести »