Денеска во хотелот “Милениум“ Битола се одржа средба на претставниците на комуналните претпријатија кои стопанисуваат со паркиралиштата, на која учествуваа претставници на неколку претријатија од Македонија.
Домаќин на средбата беше претрпријатието “Градски паркинзи – Битола“, а нивниот претставник Јулијана Цветковска, за средбата рече:
-Целта на денешната средба е продолжување и проширување на иницијативата за формирање на асоцијација на јавни комунални претпријатија кои стопанисуваат со јавните паркиралишта со цел зголемување на интензитетот на меѓусебната соработка, заеднички настап при соработка со другите институции и остварување на евентуална меѓународна соработка за потребите на дејноста, како на пример следење на најновите технологии и иновации со цел подобрување на услугите.
-Денеска разговараме за оформувањето на основачкото Собрание на Асоцијацијата на јавни паркиралишта, со тоа што потоа сите здружено, паркинзите од цела Македонија ќе соработуваме и надвор од Македонија. Ќе преземеме сите законски норми што ќе бидат во Македонија ќе бидат преку нашето собрание,“ изјави Вангел Андрески, директор на ЈП „Паркинзи“ Општина Центар.






