Ако за некоја работа нема лек тоа е “битолчани“ да се научат да не фрлаат губре насекаде, да не го фрлаат кај ќе стигнат, да го нагрдуваат секој дел од градот.
Сме пишувале многупати, а денес само ќе се повторуваме по кој знае кој пат, дека во центарот на Битола, шадрванот е полн со губре. Во него има пластични канти, лименки, пластични чаши, отпушоци, чевли…
На почетокот на текстот зборот “битолчани“ е ставен во наводници, бидејќи оние кои го валкаат градот сигурно не се битолчани, иако живеат тука, не го чуствуваат како свој, туку едноставно се залутани тука, по кој знае која причина и од каде.






