Press "Enter" to skip to content

Александар Марковски, нов в.д. директор на Индустриската зона “Жабени“

Најновата кадровска промена во Битола е во  индустриската зона “Жабени“, каде за нов в.д. директор е назначен Александар Марковски, кој доаѓа на ова место од бизнис секторот, со мандат не подолг од шест месеци.

Новиот директор Марковски е дипломиран менаџер по царина и шпедиција, а во неговото си-ви е запишано дека бил вработен и во неколку деловни  банки  во одделите  за бизнис кредитирање.

-За в.д директор на индустриската зона „Жабени“ сум назначен во средата, а денес го презедов раководењето во зоната во која има една компанија која активно работи, каде има и најави за нови инвестиции, а друга компанија е во завршна фаза на градба, ни рече Марковски.

Марковски како нов в.д. директор на Индустриската зона „Жабени“ доаѓа на местото на Сашо Илковски, кој беше досегашен директор.

More from ВестиMore posts in Вести »