Press "Enter" to skip to content

Рускиот амбасадор Шчербак ќе ја отвори изложбата „Русите во Македонија…“ на Славјански

Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. Г-дин Олег Шчербак свечено ќе ја отвори изложбата насловена „Русите во Македонија (1920-1940)“, која ќе биде поставена во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“  во Битола.

Изложбата е организирана од страна на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, а ја подготвија Институтот за националната историја на Македонија и Државниот Архив на Република Македонија. Излжбата го претставува животот на руските имигранти во Македонија и дејноста на руските научници, професори, архитекти, ликовни уметници, лекари, артисти…

Изложбата свечено ќе биде отворена на 1 март во 19,00 часот, а заинтересираните битиолачани ќе можат да ја погледнат до 13-ти март.