Press "Enter" to skip to content

Некогаш и денес, Стефан Хаџиандоновски-фотограф, филмски работник, снимател: го продолжив делото на браќата Манаки во Битола (фотогалерија)

Жанета Ристевска

Рубриката Некогаш и денес стана  времеплов низ кој личностите низ своите сеќавања опишуваат цел период од минатото. Опишуваат  настани, личности, факти поткрепени со фотографии и новинарски написи. Овој пат човекот за кого може да се рече дека ја поттикна идејата за филмски фестивали во чест на браќата Манаки и тоа Интернационалниот фестивал “Браќа Манаки“ кој се одржува веќе 40 години и Фестивалот на аматерски филм “Камера 300“ во Битола.Во нашиот град, градот на конзулите, каде што браќата Манаки имале фотографско студио и кино. Во нивното фотографско студио,  нашиот соговорник, Стефан Хаџиантоновски, ги поминувал детските години и ја засакал фотографијата со која и се занимава одреден период. Покрај ова во својата 55 годишна кариера снима документарни филмови, член е на жири на фестивали на филмска уметност во државата и во странство, преку кино клубот организира курсеви за млади таленти за фото и кино техника и  кампови  во лето. Ја започна својата приказна со сеќавања за Милтон Манаки и неговите љубоптно детски прашања кон него.

Сеќавања…

   Мојот интерес за  филм и фотографијата започнуваат уште во 1950  година кога за прв пат влегов во киното кое беше во моето соседство. Во тоа време често го посетуваав и  фотографскиот дуќан на Пунџа кој беше во нашиот двор, на влезот .Исто така шетајќи по корзото често го посетував и изложбениот дел на Манаки. Можам слободно да кажам дека кога растев  ме интересираше и фасцинираше фотографијата за која  бев љубопитен. Се сеќавам дека  прашуваав сешто додека ги разгледуваав фотографиите на Милтон Манаки. Низ  разговори со него се интересирав како ги фотографирал револуционерите, а тој мудро ми велеше: Имав дозвола од султанот!

Тој често пати  доаѓаше кај нас дома, низ  разговор со татко ми го потпрашував како работи со камерата.Училишни денови…

Во училишните денови посетував курс за фотографија, а во шеесеттите години во Работничкиот универзитет започна со работа кино курс. Од 1963 година мојата пасија за фотографија се префрли на киното односно филмот. Кога кон крајот на 1963-тата се формира кино клубот во Работнички универзитет, се наметна прашање околу тоа кое име да го носи клубот. Јас, Јорго Лазаревски и Симеон Христовски отидовме кај Милтон Манаки  со желба клубот да го носи неговото име. Тој се согласи и ни даде една порака: -Продолжете го моето дело и станете пославни! Навистина сме горди што станавме продолжувачи на неговото име и дело.Раководител на кино-клубот “Милтон Манаки“

Во моето работење како раководител на кино-клубот “Милтон Манаки“ сум обучил многу млади да прават филмови денес од нив се врвни мајстори.  Во изминатите 55 години имам снимено многу документарни филмови со кои сум учествувал на сите ЈУ фестивали и во странство и сум присуствувал лично или како член на жири.

Идејата за фестивал  во чест на браќата Манаки е ваша. Со овој интернационален фестивал Битола стана мека на најдобрите светски директори на фотографија, откривајќи многу нови таленти  кои денес важат за врвни уметници на филмската фотографија и кинестетика, а голем дел и оскаровци кои дојдоа во нашиот град.  Кажете ни повеќе…

-Кога ја  одбележуваме годишнината од смртта на Милтон во 1979 година  јас предложив  идејата Битола да има филмски фестивал и таа идеја стана стварност и денес 40 години го имаме интернационалниот  фестивал “Браќа Манаки“.  Имено во  1979 година со иницијатива на еден од главните основачи – Друштвото на филмските професионалци на Македонија, а  во соработка со градот- домаќин Битола и Кинотеката на Македонија. Основан е во чест и како инспирација од пребогатиот фотографско-филмски опус на браќата Манаки: Јанаки  и Милтон  кому воедно оваа година  одбележуваме и 135 години од раѓањето.На почетокот фестивалот беше замислен како “Манакиеви средби“, а потоа и фестивал на филмската камера на eксјугословенските кинематографери. Фестивалот растеше со голем потенцијал, а по независноста на Република Македонија, прогласена на 8 септември 1991, прерасна во Интернационален фестивал на светските кинематографери, чии играни филмови се во конкуренција за трите фестивалски награди: Златната, Сребрената и Бронзената камера 300.Фестивал на аматерски филм Камера 300

-По моја идеја се организира фестивалот на аматерскиот филм “Камера 300“ кој еве веќе 38 години успешно се одржува во Битола како светски и под покровителство на УНИКА. Според востановената традиција, на ФАДФ “Камера 300“  се доделуваат: гран-при плакета “Милтон Манаки“, златна, сребрена и бронзена “Камера 300“, плакета за најдобра камера, идеја и монтажа, плакета за најдобра режија “Драги Савевски“, награда за најдобра репортажа и награда на Уника.Чествувања за  браќата Манаки

-Ангажиран  сум и околу активностите на Комуната на власите со кои заедно со кино-клубот секоја година ги организираме чествувањата за Милтон и неговиот брат Јанаки на Влашките гробишта. Исто така понекогаш сум ангажиран  и во организацијата на интернационалниот фестивал Браќа Манаки  кога делегациите на сниматели го посетуваат вечното почивалиште на Милтон во комплексот Влашки гробишта,  како и други посети од страна на Општината Битола.Кои се вашите активности денес

-Повремено пишувам материјали од филмската историја на Битола, кои се објавувани во печатот и други медиуми. Деновиве работам на една студија за кината во Битола од 1945 до денес и кога во Битола имаше преку десетина постојани  кино-кафе каде се прикажувале филмови, како и некои подвижни. Мојата парола е да ја поттикнуваме и  развиваме филмската култура во нашиот град особено да ги насочуваме најмладите кон  тоа бидејќи Битола е филмски град.

Низ својата  55 годишна работа  и дела тој и придонесува за правилно  насочување на  младите таленти за фото и кино техника во кино клубот. Сигурна сум дека на најдобар можен начин го продолжува  делото на Милтон и Јанаки Манаки  и ја оправда пораката кажана од Милтон Манаки  „продолжете го моето дело и станете пославни! “Криво ми е што поради вонредната состојба не бев во можност директно од негова уста да ги слушнам неговите сеќавања и овие податоци, а сугирна сум дека ги има уште стотици сеќавања и факти поврзани со Битола и Милтон Манаки. Но му се восхитувам на она што го направи за овој “он-лине“ разговор да биде продуктивен, бидејќи на овие возрасни години користејќи современа технологија скенира фотографии и ни ги испрати, испрати одговори на прашања на е-маил. Но, во идна прилика ќе го имаме и во “живо“, бидејќи од Стефан има многу да се научи.

More from БитолаMore posts in Битола »