Press "Enter" to skip to content

Здруженито “Сумнал“ од Битола во Германија за проектот “Грижа за здравјето на Ромите“

Претставници на здружението “Сумнал“ учествуваа на состанокот во рамки на проектот “Roma HEALTH Care“ – “Грижа за здравјето на Ромите“ кој се одржа од 1 до 3  март во Германија.-Главната цел на состанокот беше да се презентираат резултатите од истражувањето со вкупно 720 Роми во партнерските градови во Германија, Бугарија, Грција, Македонија, Унгарија и Романија. Целта беше анализа на состојбата во областите здравствена заштита, вакцинации, сексуално образование и контрацепција, превенција и третман на дрога и зависници, како и хигиена во вклучените ромски заедници,вели Фатма Барјамовска- Аземовска, од здружението “Сумнал“ од Битола.

Врз основа на резултатите од истражувањето за првпат ќе се размисли за потребите што можат да бидат покриени од европски проекти со употреба на постојните ресурси во земјите партнери.Инаку, проектот “Roma HEALTH Care“ – “Грижа за здравјето на Ромите“ е проект “ЕРАЗМУС +“ кој ги анализира состојбите и потребите на ромските заедници во Бугарија, Германија, Македонија, Грција, Унгарија и Романија во областа на здравството.

More from ВестиMore posts in Вести »