Press "Enter" to skip to content

Средношколци од економско на трибина и работилница на Правниот факултет

Правниот факултет продолжува со организирање на трибини за средношколците од Битола. Откако минатата седмица на трибина за одговорноста на здравствените работници беа средношколците од средното медицинско училиште, трибина се одржа и за средношколците од Средното економско училиште.Трибината, посветена на идните економисти, на правниот факултет во Битола се одржа на тема: „Бидете промената која сакате да ја видите”,  посветена на социјалното претприемништво, при што на присутните средношколци од Средното економско училиште во Битола, но и студентите, им беше објаснет концептот на истото.

Исто така, следеше работилница на која се генерираа идеи за надминување на социјалните проблеми.

На трибината свое предавање имаше доц. д-р Елизабета Тошева.

More from ВестиMore posts in Вести »