Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски за денес, среда во 10 часот за закажа 53-та седница на Советот на Општината Битола.
Седницата ќе се одржи онлајн преку апликацијата ZOOM, со предлог на следниот дневер ред:
- Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2020 година
- Одлука за прифаќање на користење без надоместок на движна ствар на Владата од страна на Општина Битола за потребите на ТППЕ – Битола
- Одлука за обезбедување надзор од страна на Општина Битола за реализација на проектот „Реконструкција на кров на ДГ „Коца Василева“ која е во состав на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола
- Одлука за определување на ширина на крајбрежен појас на суводолици 1 и 2 , река Драгор и река Мала Корија во плански опфат на УПС Дихово – Општина Битола
- Одлука за примање на донација-автоматски портални прскалки за дезинфекција на возила на општина Битола дадена од страна на „Монтинг инженеринг“ ДОО Битола
- Предлог Програма за измени и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Битола за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за организирање и функционирање на Зимската служба на подрачјето на Општина Битола за сезоната 2019/2020 година
- Решение за давање согласност на Одлуката за ништење на расходован ситен инвентар и опрема што се наоѓаат во пописните листи на ЈОУ ДГ „Естреја Овадија Мара“ Битола.
- Решение за давање согласност на Одлуката за ништење на расходован ситен инвентар и опрема што се наоѓаат во пописните листи на ЈОУ ДГ „Мајски Цвет“ Битола.
- Решение за именување на член во Училишен одбор на ОУ „Даме Груев“ Битола






