Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 38 оздравени пациенти во државата, од кои 4 пациенти од Битола биле негативни на тестовите за ковид-19.
По градови Скопје 19, Тетово 3, Струга 9, Битола 4 и Гостивар 3 оздравени.
Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, потврден е 21 нов случај на коронавирус, а во Битола, и денес, како и во претходните денови нема заболен.






