УКЛО започнува со серија дискусии за влијанието на новите предизвици од пандемијата врз високото образование.
Изборот на теми е многу широк: ќе се разговара за студентите и новите предизвици, за влијанието на пандемијата врз економијата и развојот, правно-политичките и меѓународни аспекти од пандемијата, влијанието врз туризмот, врз локалниот и регионален развој, како и за психолошките предзвици.
Корона онлајн дијалозите се отворени за учество и на претставници од МОН и други универзитети.
Во контекст на новонастаната ситуација тие имаат за цел да го одржуваат духот кај студентите и професорите, да ги мотивираат, да ги активираат и анимираат.
На овој начин УКЛО настојува активно да придонесе во јавните политики односно во утврдувањето на натамошните правци на развој и одговори на предизвиците и последиците од пандемијата.
Модератор на серијалот е проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски.
Серијалот ќе се одржува секоја среда од 19:15 часот , почнувајќи од 6 мај 2020.






