Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: повреден пешак кај Довлеџик

На 29.04.2020 во 19.00 часот било пријавено дека во Битола на ул. „Довлеџик“, патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 41 годишник од Битола, удрило во пешакот 20 битолчанка.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.